Што мислите: Дали Инстаграм се претвора во ТикТок?
Инстаграм последниве месеци постојано најавува промени и новитети, а уште една во низата такви најави пристигна во средата и тоа од самиот врв, од шефот на оваа социјална мрежа, Адам Мосери. Тој во видеото, кое го објави на својот Твитер профил, најави значајни промени кои наскоро ќе пристигнат на Инстаграм.
„Истражувањата покажаа дека сè поголем број на корисници, Инстаграм го сфаќа како место за забава, односно дека веќе некое време не е само место на кое се споделуваат фотографии“ - кажа тој. Освен тоа, Инстаграм со своите нови функции сака да излезе пресрет на сè поголемиот раст и популарност на ТикТок и Јутјуб, поради што нивниот главен фокус е на видеата.
Мосери наведува дека видео опциите на Инстаграм ќе бидат дополнети со „full screen искуство“, од што може да се заклучи дека во иднина, за време на гледањето на Reels видеата, долниот ред иикони повеќе нема да биде видлив на екранот.
Уште една голема промена се однесува на препораката на објави од корисниците кои не ги следите. Па така, корисниците во наредните недели на својот „feed“ ќе можат да гледаат Reels објави, фотографии или приказни од личности кои не ги следат, а кои врз основа на интересот би можело да ги интересираат.
Очигледно е дека од Инстаграм се трудат што повеќе да се спротивстават на што поголемата експанзија на конкуренцијата, но и самиот ТикТок во последно време се промени многу и повеќе не претставува само апликација за оние кои „танцуваат“ на музика, туку и на него може да се најдат сериозни содржини.
Changes are coming to video on Instagram
— Adam Mosseri (@mosseri) June 30, 2021
At Instagram we’re always trying to build new features that help you get the most out of your experience. Right now we’re focused on four key areas: Creators, Video, Shopping and Messaging. pic.twitter.com/ezFp4hfDpf
Од друга страна, како апликација со голем број корисници кои веќе се навикнати Инстаграм да го користат на одреден начин, се поставува прашањето колку ќе може да се заинтересираат за новите функции и можности.