Што можеме да научиме од Кендал Џенер? Најплатениот модел смета дека ова е тајната за одличен стајлинг

Што можеме да научиме од Кендал Џенер? Најплатениот модел смета дека ова е тајната за одличен стајлинг

Објавена во: Мода // Moj стил

Во моментов најплатената манекенка на сите времиња, Кендал Џенер, важи за една од најпознатите стилизирани сестри која ги инспирира девојките ширум светот.

Стилот на Кендал Џенер е нешто што секоја жена на планетата понекогаш би сакала да го копира. Успешна манекенка и член на најпознатото реалити семејство во светот секогаш изгледа беспрекорно, а нејзиниот стил го копираат многу млади девојки ширум светот.



Таа дефинитивно ја чувствува модата и стилот бидејќи е во состојба наједноставните и најчудните парчиња да направи да изгледаат најпосакувани. Секако, стилот на Кендал Џенер го привлекува нашето внимание и на црвениот тепих и на улиците низ градовите, каде претпочита ладен и лежерен изглед, а најчесто ги носи своите омилени фармерки стилизирани со моќни модни додатоци. 

Фото: Инстаграм/ myfavlookbook

Минимализмот е клучот за Кендал Џенер. На секоја фотографија, ја гледаме Кендал во многу едноставни, но убави комбинации, природен изглед или „без шминка“, во лежерни парчиња што сите ги носиме на дневна основа.



Секако, Кендал Џенер се грижи за својата беспрекорна фигура и секогаш изгледа фит, па често можеме да ја видиме во тесни црни хеланки, спортски градници и патики.

Таа сака да комбинира стилови, па затоа често носи чизми со тексас. Најистакната карактеристика на нејзиниот изглед на „street style“ е облеката што носи комоција.

Класичната бела + беж комбинација и танга сандали кои ги полудеа жените ширум светот, вклучително и Кендал, е добитна комбинација за лежерен, а сепак уреден стајлинг. 

Фото: Инстаграм/kendalljenner

Инаку, Кендал Џенер е на листата на најплатени топ модели во моментот, со заработка од скоро 30 милиони долари. Според податоците од 2018 година, таа заработила 22,5 милиони долари, а по само две години, оваа бројка е многу поголема. Покрај работата на манекенката, дел од нејзиниот профит доаѓа и од линијата за гардероба Кендал + Кајли, но и од семејното реално шоу. Секоја нејзина објава на социјалните мрежи е исто така добро платена, бидејќи има следбеници од повеќе од 153 милиони луѓе.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: