Што нарачуваа сестрите Кардашијан - Џенер кога јадат во Мекдоналдс?
Не јадат секогаш здрава храна, некогаш и тие имаат „cheat“ денови...
Една од оние информации што на никому не му требаат во животот, но едноставно нè интересира. Дали можеби имаме ист листа на нарачки како и некоја сестра Кардашијан? Која е нивната омилена работа кога станува збор за брза храна?
Можете да дознаете сè за познатите, само треба да побарате. Во бројните интервјуа и изјави што ги даваат, како и нивните објави на социјалните мрежи, тие откриваат повеќе отколку што мислат. Дури и своите нарачки во Мекдоналдс! Секој има своја стандардна нарачка кога не знае што да прави, а следниот пат кога ќе нарачате од оваа брза храна, можете да пробате нешто ново и да јадете како Кардашијан. Како изгледаат нарачките на овие познати сестри?
# Ким Кардашиjан
Сигурно би очекувале салата и вода или некоја слична лудост, но не, кога таа оди во Мекдоналдс не ги брои калории. Таа неодамна откри како изгледа нејзината вообичаена нарачка и започна дебата на Интернет за сосот што го користи за „нагетите“. Нејзината нарачка вклучува: 6 пилешки „нагети“, чизбургер, шејк од ванила, пита со јаболка, помфрит и сос од мед.
# Кајли Џенер
Нарачката на Кајли изгледа многу помала и поедноставна. Случајно протече во јавноста еднаш кога нарачуваше, а се состои од: 10 пилешки „нагети“, сладолед Орео Мекфлури и помфрит. Ова изгледа како идеална нарачка кога сме гладни, но исто така и кога сакаме да се засладиме малку. За разлика од „гозбата“ што ја порачува Ким, ова е нешто што звучи малку пореално и нешто што дури и самите би можеле да го порачаме.
# Клои Кардашијан
Клои е љубител на пилешко, но ниту таа не претерува со количината на храна кога јаде брза храна. Во центарот на нејзината нарачка е сендвич, а тоа е „Artisan Grilled Chicken Sandwich“, односно сендвич со пилешко подготвено на скара. Заедно со тоа, таа избира смути, од што, не и е важно, и наместо помфрит нарачува „McDonald's Hash Brown“.
# Кортни Кардашијан
Во една прилика, Кортни изјави дека ако може да избере кое ќе биде последното јадење во нејзиниот живот, тоа би било Мекдоналдс. За некој кој секогаш го става фокусот на здрава исхрана и здрав начин на живот, ваквата изјава никогаш не би се очекувала. Сепак, нејзината омилена нарачка и онаа на која секогаш се враќа кога јаде, вклучува помфрит (големината зависи од тоа колку е гладна) и шејк од ванила. Не звучи лошо!
# Кендал Џенер
Кендал никогаш не откри како изгледа нејзината омилена нарачка кога јаде на брза храна, но во многу наврати призна дека обожава да јаде нездрава храна како пица, пржено пилешко и Твикс. Плус, неа многу често ја уловуваат со плескавица во рацете, така што можеме да претпоставиме дека тоа е една од нејзините „go-to“ работи.
фото: Pinterest