Што носи периодот на Овен и почетокот на новата астролошка година?
Овен
Сезоната на Рибите е конечно готова и сега кога сонцето е во Овен, повторно ќе се чувствувате како да е се на свое моесто. Направете го она што сакате да го направите, насочете се кон своите лични цели и немојте да се извинувате за можностите или понудите кои ќе ги искористите. Обрнете внимание на она што ве прави „живи“ и ослободете простор во кој ќе го вратите својот ентузијазам.
Бик
Додека светот околу вас се буди од долгата зима, Биковите оваа сезона на Овенот ќе се охрабрат да останат на сопствениот пат на среќата и да работат на своето внатрешно „јас“. Опуштете се, сонувајте, медитирајте и полека наполнете ги батериите за сезоната на Бикот, која не очекува од 20 април до 21 мај. Забавете го својот социјален живот и поминувајте време во самотија за повторно да добиете инспирација.
Близнаци
Сезоната на Овенот за вас е едно од најважните социјални периоди од годината, Близнаци. Иако можеби сте социјално дистанцирани, поврзувајте се со различни луѓе и склопувајте нови пријателства, кои сега можеби се онлајн, но еден ден ќе прераснат во нешто повеќе. Наполнете ги батериите учествувајќи во групни онлајн активности. Ова е и поволно време за поврзување со луѓето кои може да ви помогнат во остварувањето на своите соништа, па искористете ги сите можности на вмрежување.
Рак
Оваа сезона на Овенот вие ќе излезете од својата сигурна зона и ќе направите нешто што ќе ве истакнува од другите. Ќе бидете забележани од страна на другите, само погрижете се тоа да биде во позитивна смисла. Промоцијата или зголемувањето на платата ќе ви биде осигурана доколку сега се покажете во вистинско и позитивно светло. Ризикувајте.
Лав
Сега е време да ги проширите своите видици, но со оглед на тоа дека патувањата се невозможни, она што можете да го направите е да ги погледнете документарците кои веќе некое време ве интересираат или можете да нарачате храна од локалниот ресторан и пробате нешто ново. До крајот на месецот ќе се случи нешто што ќе влијае на вашиот личен развој.
Девица
Најголемиот фокус кај вас сега е на односите, особено на оние блиските. Време е со својот партнер или партнерка да станете поинтимни, не само на физички начин, туку и на емоционален, а доколку сте сингл, подгответе се за почеток на нова романтична врска. Се ќе започне од само еден „клик“.
Вага
Бидејќи Овенот е ваш спротивставен знак, оваа сезона важно е максимално да ја искористите енергијата која ви ја искраќа. Насочете се на својот однос со партнерот или партнерката. Доделите комплимент, бидејќи убавиот збор ќе ви се врати назад. Одржувајте рамнотежа помеѓу своите потреби и обврски.
Шкорпија
Сезоната на Овенот за вас носи поглед на самите себе. Моментално во фокус за вас се личните цели и личниот развиток, менталното и физичкото здравје. Односно, потребно ви е малку време да истражите што сакте и да се насочите кон личниот развој. Преземете нова апликација за медитација, пробајте да подготвите нов вид на јадења и реорганизирајте го својот живот. Малите промени во рутината ќе донесат големи промени во квалитетите на вашиот живот.
Стрелец
Сезоната на Овенот за Стрелците ќе биде многу возбудлива. Следниот месец вие ќе размислувате и зборувате само за секс, романса и забава. Тоа значи дека вашиот љубовен живот ќе добие заокружување во друга насока, а исто така ќе се чувствувате самоуверено, покреативно и полесно ќе се изразувате. Уживајте.
Јарец
Вие сте амбициозни и секогаш имате поглед на следната голема цел, но сезоната на Овенот бара на момент да „оладите“ и да размислите за своето минато. Овој месец ќе се вратите на корените и ќе забележите дека минатото ве обликувало во личноста која сте денес. Оваа енергија се однесува и вашиот живот во домот, па крајно време е да стапите во контакт со своето семејство и да се дружите со него.
Водолија
Следниот месец ќе забележите одредени промени во комуникацијата и дружењето. Водолиите оваа сезона се многу отворени и сакаат дружења, па често ќе се чувствуваат како најполарна личност за време на сезоната на Овенот, но моментално поважно е да се остане поврзан со пријателите и семејството, отколку да се биде популарен. Проверете ги своите групни разговори, земете го телефонот и одговорете на сите важни електронски пораки. Моментално онлајн дружењето е „ин“.
Риби
Сонцето премина во знакот на Овен и сега кога повеќе не е во вашиот знак можете да се занимавате со она што го започнавте за време на сезоната на Рибата. Вашите финансии ќе ви станат приоритет, а професионалните проекти на кои се насочивте одлично ќе поминуваат. Насочете се кон напорната работа и останете посветени, а на почетокот на април ќе може да очекувате зголемување на платата.