Што открива за тебе твојата омилена боја?
# Црвена
Ти си личност која сака да се наметнува и која не сака да тапка во емсто. Луѓето кои ја сакаат црвената боја се исто така харизматични и многу мотивирани. Не сакаш помени, но кој навистина ги сака? Само обидете се да не прифаќате било што, во која било сфера на животот, туку само она што е најдобро!
# Плава
Ти многу јасно комуницираш со другите и поради тоа би биле одличен говорник. Другите те почитуваат и внимателно те слушаат. Ти си екстровентна личност, додека мразиш да бидеш сам. Ги цениш личностите кои те окружуваат и од нив очекуваш безусловна поддршка.
# Жолта
Ти си весела и креативна личност која сака да се забавува. Преземањето на одговорностите за тебе не претставуваат проблем. Амбиционзна си и ќе бидеш успешна со што и да се занимаваш.
# Портокалова
Ти си емотивна и креативна личност, која најчесто носи одлуки на основа на чувствата. Исто така, често сочувствуваш со другите. Многу време поминуваш размислувајќи за работите на кои не можеш да влијаеш. Потруди се барем малку да се опуштиш, за промена.
# Зелена
Спонтано носиш одлуки и сакаш да поминуваш време за надвор од дома. Ти си искрена личност која го цени своето време. Умееш да бидеш прилично одбивна личност кон оние што те запознаваат, но кога некому му дозволиш да ти се приближи, не планираш да го пуштиш.
# Пинк
Ти си чувствителна личност која обожува гушкање. Најсреќна си кога се чувствуваш сакано и ценето од страна на своите најблиски. Понекогаш ти е тешко да се отвориш некому и да ги покажеш искрените емоции.
# Виолетова
Ти си среќна личност која е редена да биде лидер и добар пријател на другите. Твојата најголема мана е тоа што често ги одложуваш своите обврски, но тоа е само затоа што трагаш по перфекционизам.
# Бела
Имаш јасна идеја за тоа што сакаш, но знаеш и како да стигнеш до тоа. Понекогаш си срамежлива и интровертна личност.
# Црна
Ти сакаш да планираш, а покрја тоа си и личност од доверба. Најмногу ти одговара кога си дел од група, па така си роден следбеник, а не лидер. Во голем број случаи не сакаш да ги предводиш другите.