Што прави Ника додека мама Јелена Карлеуша ги „пали“ социјалните мрежи со провокативни фотографии?

Што прави Ника додека мама Јелена Карлеуша ги „пали“ социјалните мрежи со провокативни фотографии?

Објавена во: Живот // Живот

Одлучи дека е време за уживање на една луксузна дестинација...

Иако најави дека вредно ќе работи на новиот албум и дека поради тоа се повлече од жирито во музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, пејачката Јелена Карлеуша сепак реши да се препушти на уживање. 

Таа одлучи малку да побегне од градскиот метеж и да замине на одмор, а со своите следбеници секојдневно споделува на Инстаграм како ужива во Дубаи.

Освен провокативните фотографии со кои жари и пали на социјалните мрежи, Карлеуша откри дека друштво и прави нејзината помала ќерка Ника Тошиќ. По видеата кои ги сподели на Инстаграм се гледа дека помладата наследничка ужива во вкусната храна, но и во луксузот кој мама Јелена ѝ го овозможила.

Бидејќи Атина се повлече од социјалните мрежи, но и зошто Јелена не сподели фотографија или видео од неа, непознато е дали и постарата ќерка им се придружила на патувањето.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: