Што се големите црвени кругови на грбот на Мартија Станојковиќ?
Кумановката Мартија Станојковиќ вчера се прошета во совршено модно издание, но она што особено го привлече вниманието се големите црвени кругови на нејзиниот грб, кои се забележуваат на фотките кои ги објави.
Таа често споделува моменти од приватноста, па немаше проблем да ги покаже и круговите на грбот, поради што многумина се запрашаа за што станува збор.
Многумина сигурно вакви кругови забележале кај спортистите, односно најзабележливи се кај пливачите за време на Олимпијадата.
Станува збор за традиционална терапија со врели чаши, наречена „Cupping“ или „Хиџама“ масажа со вакуум чаши.
Овој метод постои неколку илјади години, всушност се споменува уште пред 3500 години. Спортистите ја користат бидејќи тврдат дека оваа терапија им помага при стимулација на мускулите, дека ги опушта и им ја намалува болката, а и дека ги ослободува токсините. Се тврди дека овој метод е лек за секоја болест или одредени болести, иако не е потенцирано за кои болести станува збор.
Хиџама е всушност процес на вадење, односно цицање и исфрлање на нечиста крв од телото со помош на загреани вакуум чаши или шишиња кои се ставаат на телото, а при ладење прават вакуум затоа на кожата се појавуваат црвените кругови кои што исчезнуваат за три до четири дена.
Оваа метода се користи и превентивно.