Што сѐ кажа Дајана во интервјуто кое ја налути кралицата и зошто Меган толку многу потсетува на неа?

Што сѐ кажа Дајана во интервјуто кое ја налути кралицата и зошто Меган толку многу потсетува на неа?

Објавена во: Живот // Живот

По четвртина век откако принцезата Дајана зборуваше за животот во кралското семејство, Меган Маркл, сопругата на принцот Хари, одлучи да го стори истото и неверојатно е колку се слични приказните на овие две жени.

Секој што се сеќава на погребот на принцезата Дајана во 1997 година, ќе ги памети и ликовите на Хари и Вилијам, кои одеа полека зад нејзиниот ковчег... Принцовите одеа со наведнати глави, а Хари изгледаше ситно во својот костум. Со децении, оваа сцена многумина  ги потсетува на тешката приказна за принцезата Дајана и навестува колку тежок живот имале принцот Хари, а потоа и неговата сопруга Меган. Јавноста имаше можност да слушне детали во интервју дадено за Опра Винфри, кое го шокираше целиот свет, особено Бакингемската палата.

Додека британските таблоиди сакаат да ја споредуваат Меган со војвотката од Виндзор - разведената Американец која во 1936 година го „намамила“ кралот Едвард VIII и живеела со него, што предизвика раздор во кралското семејство, Хари и Меган изгледаат решени за Маркл да биде претставена како новата Дијана, жената која беше лошо третирана во палатата, и за која згрешија многу повеќе отколку што самата беше грешна.

Принцот Хари често зборуваше со вознемиреност и горчина за тоа што и се случило на принцезата Дајана, откако се развела од принцот Чарлс и нејзината смрт во Париз. Тој повторно го отвори ова прашање во неделното интервју, повлекувајќи паралела за искуствата на неговата мајка и сопруга, велејќи дека го чувствува „присуството на неговата мајка“ за време на сето она низ што поминале тој и Меган.

Сето ова создаде слика за тоа дека историјата се повторува преку непроменливата структура на кралската лоза и античката институција - додека принцот зборуваше за ослободување од „старите обрасци“ и наоѓањето на нов начин на живот. Хари ја направи споредбата експлицитно во неделата:

Видов како се повторува историјата и мислам на мајка ми. Кога гледате дека истото се повторува, ќе ќе побарате помош.“

Кога Меган, исто како и Дајана, побара помош, според принцот Хари, никој не ѝ излегол пресрет. Наместо тоа, семејството ја одбило и ја советувало да молчи и да се повлече.

„Тие ни рекоа: Така е, како е. Едноставно така функционира“ - рече Хари во интервјуто.

Како и Дајана, така и Меган дојде во семејство кое не ја разбираше и веруваше дека Меган, без да дава отпор, ќе се прилагоди на кралските обичаи и протоколи. Исто како во случајот со Дајана, кога Меган се покажа немоќна или неподготвена да се придржува до кралските обичаи, според неа, палатата не сторила ништо за да ги спречи медиумите да „удрат“ по неа. Како и Дајана, таблоидите ја обвинија дека постојано бара внимание и постојано пишувале за неа. Она што се разликува во приказната за овие две жени е бојата на нивната кожа, како и фактот дека Меган ја има поддршката од нејзиниот сопруг, додека Дајана не.

Тие исто така се разликуваат по тоа што Дајана имала само 20 години кога се омажила за Чарлс, додека Меган имаше 36 години и успешен живот и кариера, но и еден брак зад себе, пред да му каже „да“ на својот сопруг Хари.

Исто така, Дајана уште од детството ја учеле дека „традицијата се почитува“, додека Меган потекнува од средина каде се зборува за чувствата и каде може да се дискутира што може да се направи за да се поправат некои работи.

Патем, во познатото интервју на Дајана за Би-Би-Си, кое беше емитувано на 20 ноември 1995 година, таа зборуваше за тоа колку е разочарана од бракот.

„Па, бевме тројца во брак, имаше малку гужва“ - рече таа во врска со аферата на принцот Чарлс со Камила Паркер, која тој јавно ја призна една година претходно. Исто така, во тоа интервју, таа призна дека го изневерувала Чарлс со офицерот Џејмс Хјуит.


Таа исто така призна дека страдала од постпородилна депресија по раѓањето на принцот Вилијам и дека во тоа време дури и се обидела да си наштети.

На прашањето какво влијание имала депресијата врз нејзиниот брак, таа изјавила дека тоа им дава право на сите да ја означуваат како „нестабилна и ментално неурамнотежена“. Таа исто така зборуваше за проблемите со булимијата, зборуваше и за тоа дека прекумерниот медиумски интерес влијаел на нејзиното ментално здравје и брак и дека никогаш не добила пофалби за сработеното.

„И да на правев нешто добро, никој никогаш не кажа ништо. Но, доколку се сопнев, што и ми се случи, затоа што бев нова во играта, сè паѓаше на мене“ - изјави таа.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: