Што треба да знаете за промената на кожата за време на пубертетот?

Што треба да знаете за промената на кожата за време на пубертетот?

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Промените на кожата за време на пубертетот настапуваат поради хормонските пореметувања во тој период и тоа е составен дел на растењето. Истото треба на што полесен начин да се прифати, а на крајот и да се лекува.

Колку порано ги сфатите мозолчињата како проблем, полесно ќе се изборите со нив. Со оглед на тоа дека постојат различни видови, а некои знаат да бидат естетски непријатни и упорни, треба на време да реагирате и да побарате помош од експертите за решавање на овој проблем.

Мозолчињата настануваат на места кои се изложени пред очите на јавноста и најпрво се појавуваат на лицето и вратот, а често и на рацете, грбот и делкотето. Таа нивна јавна појава може да ја наруши самодовербата на личноста која ги има и тоа е голем проблем, особено кај девојките во раниот пубертет, кога физичкиот изглед им е многу важен.

Тука се развиваат клучните психолошки моменти и треба да се интервенира на време. Најдобро е со усмена едукација за постоечкиот проблем, а подоцна и со практични совети за што полесно да се намали последичната реакција на кожата.

Најпрво потребна е едукација со секојдневни разговори за мозолчињата и јасно да се даде до знаење дека е нормално да се појават за време на пубертот, но и дека подоцна исчезнуваат.

Редовно одржувајте ја хигиената на лицето и телото е клучниот совет за борбата со овој проблем.

Овој ритуал, треба да се следи од мали нозе, (миењето заби, миењето на лице, чешлањето на косата) за овие убави навика да ви останат и во подоцнежните години. Кога се реагира на време, мали се шансите за да се јави било каков поголем, нерешлив проблем.

Нечистотијата е нормално да се собира на лицето во текот на денот, бидејќи кожата на лицето е идеална средина за размножување на митисерите и иритацијата, која подоцна доведува до појава на акни, како и многу други неправилности. Благодарејќи на ритуалите за нега, тенот и кожата ќе бидат освежени и сјајни.

Прво што треба да научите е да се запознаете со типот на кожа која ја имате и според тоа да одберете блага козметика за нега која ќе ви одговара.

Доволно е да се миете два пати на ден, со благ сапун или средство за таа намена. Темелното и редовно чистење на лицето го отстранува вишокот на себум и мртви клетки од површината на кожата и така се спречува понатамошниот развој на бактериите. Чистењето на лицето на младата кожа не треба да биде агресивно и да не се употребуваат препарати кои содржат тешки супстанци.

Ниту премногу честото чистење на лицето не е препорачано, бидејќи кожата може да се исуши и да се иритира, а како последица може да се јави посилно излачување на себум и создавање на мозолчиња на тие места.

Треба да запомните дека умереноста е клучот за решавање на овој проблем и дека во ништо не треба да се претерува.


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: