Сиднеј Свини за проблемите кои ги имала во средно училиште поради големите гради: Не сте сами ако ова ви пречи
Можеби ќе им помогне на другите девојки кои се чувствуваат така да знаат дека не се сами...
Девојките со мали гради често се љубоморни на оние со поголеми, но вистината е дека не ни знаете низ што поминуваат овие „среќни“ девојки. Во едно од последните интервјуа, Сиднеј Свини отворено зборуваше за тоа како нејзините гради ја скршиле нејзината самодоверба.
Синднеј Свини, која сите ја знаеме како Кеси од „Еуфорија“ не била толку популарна и самоуверена во средно училиште, како што е нејзиниот лик во серијата. Имала голем проблем кој влијаел на нејзината самодоверба во тинејџерските денови, а тоа биле нејзините гради. Дури и во серијата нејзиното тело често е во фокусот, а тоа е ситуација која ѝ е позната уште од средно. Уште тогаш имала големи гради, поголеми од останатите девојки од нејзиниот клас и тоа посебно ја мачело. За девојчињата со мали гради, ова можеби звучи смешно, но за оние кои веќе имаат поголеми гради во средно училиште, ова можеби звучи многу познато.
Можеби Синдеј може да им помогне на сите кои го имаат истиот проблем и да им покаже дека не се сами и дека не се единствени кои се чуствуваат така. Во интервју за магазинот „GQ“, таа откри дека поради нејзините преголеми гради се чувствувала отфрена и многу се срамела. Никогаш не сакала да се пресоблекува на физичко пред другите девојки. Тогаш многу ѝ паднала самодовербата и имала чувство дека мора повеќе да се докаже од другите девојки за да биде сфатена сериозно.
Таа беше убедена дека луѓето ја осудуваат поради нејзиното тело и дека секогаш ќе ѝ судат само врз основа на изгледот. Поради тоа почнала да учи како „луда“. Сакала на сите да им покаже дека не ја дефинира нејзиното тело. И ден денес има проблеми поради тоа, а особено поради „Еуфорија“. Таа ги прозва сите „хејтери“ на социјалните мрежи кои опседнато прават принтскринови од епизодите во кои нема многу облека и ги споделуваат на Интернет, а од некоја причина, на нив ги означуваат членовите на нејзиното семејство. Во серијата глуми лик кој претерано е сексуализиран и се надева дека тоа ќе им го покаже на луѓето дека таквото однесување не е во ред. Јавноста на неа ѝ го прави она што другите ликови ѝ го прават на Кеси во серијата.
фото: Принтскрин / Инстаграм