Силк Роуд Банка: Важни информации за сите идни приматели на пензија

Силк Роуд Банка: Важни информации за сите идни приматели на пензија

Објавена во: После „Школо“ // PR

Скопје, 14.08.2020 – Силк Роуд Банка ги известува сите идни приматели на пензија преку банката, а кои до сега својата пензија ја добивале преку Еуростандард банка дека не е потребно да вршат одјава на пензијата од Еуростандард банка.

Според тоа, сите пензионери кои ќе продолжат да ја примаат својата пензија преку Силк Роуд Банка единствено што треба да направат е најдоцна до 21.08.2020 година да ја посетат најблиската експозитура на банката со цел отворање на сметка и соодветно пријавување на истата до Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ), кое се врши по службена должност преку банката.

Со отворањето на сметка во банката, пензионерите добиваат можност бесплатно да добијат Visa и American Express дебитни картички со кои својата пензија ќе може да ја подигнуваат на повеќе од 200 банкомати низ целата територија на државата.

Пензионерите кои ќе ја направат промената до утврдениот датум од банката информираат дека исплатата на пензиите за месец август ќе се изврши на нивните новоотворени сметки во Силк Роуд Банка, во согласност со редовната утврдена динамика за исплаќање на пензиите.

Сите заинтересирани идни приматели на пензија повеќе информации може да добијат во некоја од експозитурите на Силк Роуд Банка или на телефонскиот број 02/3203-560.

Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: