Симпатија на неделата: Ангела Радмановиќ
Оваа недела наша симпатија е поетесата Ангела Радмановиќ. Ангела е средношколка од Штип, а со нејзиниот уникатен стил на облекување покажува колку ја сака уметноста.
Ангела пред сѐ ужива во мистичноста на поезијата и класичната литература. Твори поезија
и проза. За неа секоја книга има посебна убавина, затоа обожава да поминува време
во библиотека, а кога има слободно време сака да патува и да ги посетува
библиотеките ширум светот.
Колекционер е на книги, има своја домашна библиотека
за која сонува еден ден да ја зголеми како библиотеките од светски ранг.
Фото: @majaramona, Facebook