СИМПАТИЈА НА НЕДЕЛАТА: Пеjачката Сара Гигова

СИМПАТИЈА НА НЕДЕЛАТА:  Пеjачката Сара Гигова

Објавена во: Мода // Crush Of The Week

Оваа недела наша симпатија е младата и надежна пеjачка Сара Гигова. Таа има 14 години, оваа година ќе биде полуматурантка, свири виолина и секако е заљубена во музика.


Зад себе има голем број награди и признанија на многу фестивали како во Македонија, така и низ Европа. На фестивалот „Откритие Европа“, кое се одржува во Москва, Русија освои Гранд при, потоа следи „Кастинг талент шоу“, каде се закити со второто место и е една од главните улоги во мјузиклот „Тајно моја“.


Следно е музичкото натпреварување „Пинкови ѕвездички“, фестивалот „Езерски бисери“ во Струга, каде зема прво место, а минатиот месец се појави и на реномираниот фестивал „Макфест“ каде што се пласираше во финалето.


Има многу планови на полето на музиката, а пред сѐ таа е и одлична ученичка. Редакцијата на Hashtag.mk ѝ посакува многу успеси во музичката кариера.

фото: @_saragigova_

Објавена во: Мода // Crush Of The Week

Можеби ќе ве интересира: