Синди (66) е официјално жената со најмногу пластични операции, а најчудно е што изгледа целосно природно: Го држи Гинисовиот рекорд и е сосема „нормална“

Синди (66) е официјално жената со најмногу пластични операции, а најчудно е што изгледа целосно природно: Го држи Гинисовиот рекорд и е сосема „нормална“

Објавена во: Живот // Живот

Синди Џексон е жената која заврши во Гинисовата книга на рекорди како личност со најмногу пластични операции во историјата. Таа денес има 66 години, а досега има над 50 пластични операции кои ја чинеле повеќе од 100.000 долари!

Американката Синди Џексон (66) е запишана во Гинисовата книга на рекорди како личност со најмногу пластични операции во историјата. Таа денес работи како советник за пластична хирургија против стареење, а за тоа има напишано две книги.

Со ваквите процедури и корекции сакала да ја истакне својата природна убавина, а не целосно да го промени лицето и телото. Иако беше многу убава, тоа не и беше доволно. Сакала другите да го задржат здивот кога ќе ја видат!

Оваа Американка инвестирала повеќе од 100.000 долари во козметички процедури, вклучувајќи 14 операции и многу исеченици, затегнувања и подигнување на кожата. Синди направила и ботокс, пет лифтин постапки и липосукција, а очите и биле средени два пати.Таа нагласила дека сето тоа го направила само за да се чувствува подобро во својата кожа!

- За мене најдобар резултат е кога некој изгледа природно. Никогаш не би сакала некој да застане и да се загледа во мене и да каже - таа жена имаше многу операции. Никогаш не би сакала да изгледам како да сум си направила нешто себеси – вели Синди.

Таа пораснала во гратче во Охајо, со нејзиниот татко кој имал многу тежок карактер, со недостаток на самодоверба.

А сега се присети на коментарот на едно момче, кое многу влијаело на неа: „Знаеш, Синди, кога се насмевнуваш, од страна изгледа дека речиси ти се споени носот и брадата“.

-Како да бев во погрешно тело, со погрешно лице и очајно сакав да го сменам тоа - рекла оваа жена.

Нејзината трансформација започнала по смртта на нејзиниот татко, од парите што и ги оставил. Нејзината единствена желба била да изгледа убаво и младо.

Таа вели дека била внимателна, сакала да оди бавно, но и дека сака само да изгледа убаво и младо. Таа дури и направила естетска процедура на рацете. Таа инјектирала инјекција која го стимулира производството на колаген во рацете и на тој начин ги подмладува.


- Направив се за да изгледам помладо, да изгледам подобро, а рацете ме изневерија. Имав изразени вени и лигаменти, а сега тие воопшто не се гледаат – објасни таа.

Таа истакна и дека средовечните луѓе во четириесетите, педесеттите и шеесеттите не мора да личат на своите родители, бидејќи денес се е можно.

- Тоа е еволуција. Тоа е медицински напредок – изјави Синди.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: