Синот на Аца Лукас ја шокираше јавноста со професијата со која се занимава: Можел да ужива во луксуз
Пејачот своите деца отсекогаш ги учел дека сами мораат да го заработат лебот кој го јадат, а со оглед на работите кои ги работел неговиот син, таквото воспитување се исплатело...
Српскиот фолк пејач Аца Лукас децата сакал да ги израсне во пристојни и чесни луѓе. Иако тоа веќе беше познато, јавноста се шокираше кога српските медуми објави со што точно се занимава неговиот син.
Имено, наместо да ужива во популарноста и парите на татко му, Лазар Вуксановиќ до неодамна работел како таксист во Белград, а сега ја променил професијата и почнал да работи како оператор во „кол центар“.
„Тој е прекрасен, покрај толку успешен татко не би морал никогаш да работи, можел само да ужива во луксузот, а тој сепак сака сам да си заработи пари. Секоја чест. Брзо се вклопи во колективот, но и ја совлада работата. Колегите го обожаваат“ - кажа извор за Блиц.
„Никогаш не сум сакал да имаат привилегии во животот само затоа што се мои деца. Ги учев дека мораат да заслужат за да добијат нешто. Секако дека секогаш можам да им овозможам да имаат сѐ, но што би добил со тоа? На 30 години не би работеле ништо и би живееле на мој грб. Им дадов насоки и секогаш сум тука да им помогнам, но не им да давам сѐ на тацна“ - кажа пејачот во една прилика.