Синот на Ана Бекута се жени по втор пат: Пејачката воодушевена од снаата Тамара (ФОТО)
Свадбата ќе се одржи на годишнината од смртта на Мркоњиќ
Фолк пејачката Ана Бекута минува низ тежок период откако го загуби партнерот Милутин Мркоњиќ. По тажните денови, таа сега има причина за радости.
Имено, нејзиниот син Игор Полиќ се жени по втор пат. Своевремено посебно внимание привлече веста дека пејачката се спротивставила на одлуката на нејзиниот син да се разведе од првата сопруга, а и самата била свесна колку е важно семејството да остане заедно. Наводно направила се што можела за да го смири својот наследник и снаата. Беше констатирано дека тогашната сопруга на Игор и Ана имаат голема почит една кон дурга.
Но, Игор ставил крај на бракот во 2006 година, а неговото срце целосно го освоила Тамара Виденовиќ од Ниш, пишува „Lepa i srecna“. Нивната средба била судбоносна, а тие се заљубиле на прв поглед. како што е случај кога станува збор за вистински емоции. Нив ги запознал заеднички пријател, а искрите меѓу Игор и Тамара веднаш се распламтиле.
- Игор е во врска со Тамара Виденовиќ три години, а двете семејства брилијантно ја прифатија веста. Девојката е од Ниш и од добро семејство, што на Игор му е многу важно, додека на Ана најважно и е синот да и е среќен, па од се срце ја благослови нивната љубов - вели извор многу близок до Ана.
Семејството на Бекута изјави за споменатиот медиум дека Игор ја запознал Тамара со своите деца Бранко и Соња, и сведочи за тоа колку е силна нивната љубов и колку се сериозни нивните заеднички планови, но дека таа е и почитувана од целото семејство. Тамара е првата девојка која Игор им ја претстави на наследниците по разводот од мајка им, а тие ја поддржаа неговата среќа - заклучил изворот.
Инаку, Игор Полиќ од првиот брак ги има 25-годишниот син Бранко и ќерката Соња, која е три години помлада.
извор:srbijadanas