Тие две се слика и прилика: Внуката на Ана Бекута порасна во вистинска убавица со која се гордее целото семејство (ФОТО)
Ана Бекута од синот Игор има внук Бранко и внука Соња на кои им е многу посветена и нема сомнеж дека се среќно семејство.
Ана Бекута секогаш истакнува колку ги сака своите внуци, а познато е дека им бил посветен и Милутин Мркоњиќ со оглед на тоа што немал свои деца.
Како што пишуваат медиумите, Бранко ѝ станал менаџер на Ана, а до сега таа функција ја извршувал синот на Ана, Игор, а убавата Соња соработувала со баба ѝ за време на подготовката на кандидатите во „Ѕвездите на Гранд“.
- Ана отсекогаш многу се грижела за своите внуци и снаа, и секако синот Игор. Им ја обезбеди сета удобност и им обезбеди дом, дури и во еден краток период кога бракот на Игор дојде во криза и сопружниците решија да се разделат, Ана својата куќа ја подари на снаата и внуците, а не на синот. Секако, немаше да му сврти грб на своето дете, само знаеше дека тоа е минлива фаза и дека брзо ќе се смират, што и се случи. И сега се грижи за внуците, Бранко ја придружува на настапите и ја вози, а Соња која израсна во вистинска убавица беше дел од тимот на Ана за подготовка на кандидати во „Ѕвездите на Гранд“. Ана полека ја воведува во работа и има големи планови за неа. Беа заедно на финалето и на прогласувањето на победникот - изјави извор за „Свет“.
Судејќи по фотографиите, Соња е вистинска убавица и некои коментираат дека личи на Ана Бекута која секако е горда баба.
Да потсетиме, Ана го родила синот Игор кога имала само 17 години и била принудена да го остави во дом, но тој тоа никогаш не го сфатил тоа лошо, туку ги сфатил околностите во кои се нашла неговата мајка. Познато е дека Игор е секогаш во првите редови на концертите на Ана, а целото семејство прекрасно се сложува.
извор:GLOSSY