Синот на Бекамови ја носи титулата „неспособен син“: Бруклин покажа нов „талент“, а навредите не стивнуваат (ВИДЕО)

Синот на Бекамови ја носи титулата „неспособен син“: Бруклин покажа нов „талент“, а навредите не стивнуваат (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Иако постојано го задеваат, Бруклин Бекам, синот на познатиот фудбалер Дејвид Бекам и Викторија Бекам, не се откажува од обидите да се промовира што повеќе.

Изгледа дека Бруклин се обидува да се „пронајде“, како и многу други млади луѓе, но бидејќи постојано е под будното око на јавноста, многумина се согласија дека неговото деловно патување се претвори во комедија.

За оние кои не се запознаени, 23-годишниот Бруклин ја заслужи неласкавата титула „неспособен син“ откако се обиде со различни работни места, а сето тоа заврши неславно. Така се обиде да биде фотограф, готвач и модел, а сега пристигна нова „кариера“ Бруклин сега реши да не почести со ново видео во англиски паб во Лос Анџелес, а овој пат реши да сподели совети за како да направите некои од познатите коктели. Бекам најави дека ќе ги направи своите два омилени пијалоци, џин тоник и мартини.

„Сакам да експериментирам, сакам да пробувам нови пијалоци, некои нови рецепти, знаете дека сум малку луд во кујната. Порано сакав да одам во паб со моите пријатели, но сега сум оженет и моите пријатели доаѓаат и им правам вечера и коктели“, рече тој.


Сепак, ни овој пат не се прослави ниту покажа оригиналност. Имено, тој користеше состојки како нане, лимета, рузмарин и краставица, како и џин и тоник и никого не импресионираше, па набрзо беше „исхејтан“ на социјалните мрежи.

„Ова е целосен недостаток на талент“, „Еј Бруклин, те молам дај ми го твојот рецепт за правење на овој сладолед, изгледа фантастично“, „Овој човек станува пародија“, „Најдобар пример како да се биде бескорисен кога вашите мама и тато се банката“, „Сè уште не можам да сфатам дали Бруклин Бекам нè тролаше или ние го тролавме него“, продолжија коментарите.

Се чини дека луѓето сега со нетрпение чекаат Бруклин да избере нова работа за да го нападнат или исмеваат, и точно е дека тој делумно им дава можност да го сторат тоа.

извор:najzena

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Можеби ќе ве интересира: