Синот на Бекамови ја одложи венчавката поради короната: Таткото на невестата има посебно барање
Наместо во 2021, венчавката на најстариот син на Бекамови ќе се одржи во 2022 година...
Најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам, Бруклин Бекам и неговата вереница Никола Пелц ја одложија венчавката поради епидемијата на коронавирус, а нејзиниот татко наводно од идните младенци бараат да се потпише предбрачен договор.
Бруклин и Никол можеби, според зборовите на изворот, официјално ќе го склопат бракот без големо влијание, па накнадно ќе организираат прослава, за која се проценува дека ќе потрошат околу пет милиони долари.
Иако богатството на Бекамови се проценува на околу 45 милиони долари, татко на Никола, Нелсон Пелц, „тежи“ 1,6 милиони долари и наводно бара од младиот пар да потпише предбрачен договор и во случај на развод наследството на неговата ќерка да не заврши во рацете на Бекамови.
Да потсетиме, Никола и Бруклин се верија по помалку од една година забавување, а за вереничкиот дијамнтски прстен, најстариот син на Бекамови потроши неверојатни 200.000 долари.
„Највозбудливите вести! Не можеме да бидеме посреќни, бидејќи Бруклин Бекам и Никола Пелц ќе се венчаат! Им посакуваме многу љубов и доживотна среќа. Ве сакаме многу“ - напиша Викторија по веридбата на најстариот син.
Може да ве интересира:
Свекрвата Викторија Бекам со најубав подарок: Ќе ја дизајнира венчаницата на снаата