Синот на Бекамови ќе се жени за неколку дена: Бруклин мора да потпише предбрачен договор - причината е шок за сите

Синот на Бекамови ќе се жени за неколку дена: Бруклин мора да потпише предбрачен договор - причината е шок за сите

Објавена во: Совети // Семејство

Никој не можеше ни да претпостави дека Бекамови ќе се најдат во ваква позиција...

Бруклин Бекам и Никола Пелц ќе се венчаат за неколку дена, но пред романтичниот чин остана да завршат уште една не толку романтична обврска.

Синот на Викторија и Дејвид Бекам, Бруклин ќе се ожени за својата избраничка, актерката Никола Пелц, а пред самата венчавка двојката треба да заврши уште една важна работа, која е дел од подготовките за брачниот живот.

Имено, Бруклин мора да потпише претбрачен договор, но не со својата вереница, туку со нејзините мајка и татко.

Никој не можеше да насети дека Бекамови ќе се најдат во ваква позиција, односно дека нивното богатство ќе биде во сенка во споредба со она на семејството избраничката на Бруклин. Многумина останаа во шок по ова откритие, дека поранешниот фудбалер и модна дизајнерка се посиромашни во однос на сватовите.

Како што наведуваат странските медиуми, богатството на семејството Бекам е проценето на 38 милиони фунти, што е значително помалку од она што го има семејството на актерката. Се проценува дека Нелсон и Клаудија пелц имаат 1,3 милијарда фунти.

Се претпоставува дека двојката ќе се венча во една од куќите на плажа на семејството Пелц, на имотот на Нелсон вреден 76 милиони фунти. Нивната оаза се простира на 44.000 квадратни метри, на самата плажа на Флорида.

Венчаницата која ќе ја носи Никола ја креираше дизајнер од брендот Валентино, а специјален гостин на прославата ќе биде Снуп Дог.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: