Синот на Бекам има нова девојка: Оваа му е четврта врска во последните 4 месеци

Синот на Бекам има нова девојка: Оваа му е четврта врска во последните 4 месеци

Објавена во: Stars // Филм

20 - годишниот наследник на Дејвид Бекам, Бруклин Бекам и 4 години постарата актерка Никола Пелц се видени заедно, а британските таблоиди пишуваат дека таа е четврта девојка на ова младо момче со кое излегувал во последните четири месеци.

„Бруклин веќе го запознал нејзинито семејство и добро се сложува со нејзиниот брат, дури биле и заедно на забава“ - раскажува изворот.

Пред помалку од еден месец весникот TheSun пишуваше дека Бруклин е во врска со полусестрата на Кејт Мос Лоти, а освен со нив две, го поврзаа со уште две девојки откако ова лето ја прекина врската со манекенката Хана Крос.

Во кратка врска беше и со актерката Натали Ганзорн и Фиби Торанс, чија сличност со Викторија Бекам ги шокираше сите.

Младиот фотограф минатиот месец беше на снимање со Хајди Клум, за „America's Next Top Model with Heidi Klum“, но според она што го пишуваа Британците изгледал како да е надвор својата комфорт зона.

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: