Синот на Брена го прослави 25-от роденден: Торта на три спрата, огномент, а еве кој пееше освен мајка му (ФОТО)
Наследникот на пејачката роденденот го прослави со најсаканите...
Синот на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ, Виктор, вчера го прослави 25-от роденден опкружен со најмилите. Забавата се одржувала во еден локал во српската престолнина, а посебно весела, покрај славеникот, секако била Брена, која со задоволство се фатила за микрофонот.
За својот син и со посебна емоција ја испеала својата позната песна „Ја немам други дом“.
Покрај неа, пееле и Александра Пријовиќ и Ана Бекута.
Гостите на младиот Живојиновиќ потоа се засладиле со раскошната торта која била на 3 ката, а која била послужена со мали огномети.
Фотографиите од прославата погледнете ги во продолжение:фото: Принтскрин / Инстаграм