Синот на Брена изгледа непрепознатливо: Виктор Живојиновиќ ослабе 50 килограми и го промени имиџот (ФОТО)

Синот на Брена изгледа непрепознатливо: Виктор Живојиновиќ ослабе 50 килограми и го промени имиџот (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Виктор ја промени фризурата...

Виктор Живојиновиќ, најмладиот син на Лепа Брена и Слободан Боба Живојиновиќ неодамна се пофали со својата трансформација и успешна борба против вишокот килограми, со кои долго имаше мака и поради кои пејачката, како што кажа во една прилика, стравувала дека ќе се разболи.

Откако успешно изгуби 50 килограми, Виктор им стана мотивација на многумина кои ја водат истата борба, а сега се пофали со уште една промена.

Овој пат, Виктор го промени имиџот, така што сега е русокос, а на фотографијата која ја објави на Инстаграм доби многу позитивни коментари.

„А, да додадеш и седа брада? Би било кул“, „Навистина добро ти стои оваа фризура“ - се само некои од коментарите.


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: