Синот на Брена се исели од семејната вила: Сега живее во луксузен стан од 700.000 евра

Синот на Брена се исели од семејната вила: Сега живее во луксузен стан од 700.000 евра

Објавена во: Живот // Живот

Виктор Живојиновиќ, помладиот син на пејачката Лепа Брена и Слободан Боба Живојиновиќ, наводно се иселил од луксузната вила на Бежаниска коса и се вселил во свој стан вреден 700.000 евра.

Како што тврди добро информираниот извор, Виктор се заразил со коронам поради што одлучил да го напушти семејниот дом и да се изолира во станот кој уште не му е комплетно опремен.

„Виктор се всели во станот, иако не е комплетно среден. Се зарази со корона, па одлучи да се изолира во новиот стан. Дури на лето планираше да ја напушти семејната вила на Бежаниска коса, но поради короната одлучи порано да ги спакува куферите“ - кажа изворот за српските медиуми, па додаде:

„Не му пречи тоа што уште треба да се работи во станот, бидејќи никаде не излегува. Храна му доставуваат на адреса, а со мајка му и татко му се слуша по неколку пати на ден“.

Соговорникот за белградските медиуми откри како изгледа новиот стан на помладиот син на Живојиновиќ и кои ќе му бидат први соседи:

Брена и Боба за Виктор одбраа стан од 140 квадрати, за кој платија 700.000 евра. Интересно е тоа што токму тие ќе му бидат први соседи. Брена и Боба за себе си купија стан на истиот спрат. За разлика од Виктор, тие двајца нема да брзаат со селидбата. Најверојатно дури следната година ќе се преселат во новиот стан“.

За потсетување, како што пишуваа медиумите, Виктор наводно веќе некое време е во тајна врска со популарната млада актерка Милица Томашевиќ.

Имено, Виктор пред неколку месеци стави крај на долгогодишната врска со Сандра Миљаковиќ. Медиумите долго веруваа дека Лена Чолак е онаа која го освоила Виктор, меѓутоа се испостави дека тој со месеци наводно е во тајна врска со познатата актерка.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: