Синот на Драгана Мирковиќ го напушти семејниот дом: Сѐ објави на Инстаграм (ФОТО)
Синот на Драгана Мирковиќ не крие дека ужива во Белград...
Фактот дека му е мајка мега популарната ѕвезда е доволна Марко Бијелиќ, синот на Драгана Мирковиќ, со секој потег да привлекува огромно внимание.
Иако до неодамна не се експонираше во јавноста и беше вистинска мистерија за припадниците на седмата сила, Марко полека дозволува да ѕирнеме во неговата приватност и со сѐ почестите објави на Инстаграм да даде до знаење дека популарноста му годи.
Синот на Драгана израсна во момче за пример, кој во прв план го става своето образование, а за тоа дека мометално е во Белград каде што одмара, Марко се пофали на социјалните мрежи.
Имено, тој на својот Инстаграм профил објави стори од главниот град на Србија, а српските медиуми пишуваат дека бил забележан како се забавува до раните утрински часови на еден сплав. Јасно е дека ниту децата на Драгана не се имуни на ноќниот живот што го има Белград, па секогаш кога тоа им го дозволуваат обврските тие се пакуваат и Виена ја заменуваат со српската престолнина.
фото: Принтскрин / Инстаграм