Синот на Драгана Мирковиќ пет дена го славеше 20 - тиот роденден: „Болат очи“ од луксузните детали
Пејачката Драгана Мирковиќ неодамна изненади многумина споделувајќи фотографија од нејзиниот наследник Марко, кому му го честиташе 20 - тиот роденден, а сега откри како го прославиле тој посебен ден.
Имено, Драгана на својот Инстаграм профил објави видео направено од неколку фотографии од семејната куќа во Виена, каде почитувајќи ги мерките донесени поради пандемијата, свечено го прославиле овој ден во кругот на семејството.
„Поради забраната за собирање и строгите мерки во Австрија, го славевме роденденот на Марко како Ивкова слава, пет дена. Но, сè за тебе, лаву мој. Те сака мама“ - напиша пејачката во соопштението.
Драгана и овој пат беше елегантна во долг црн фустан, а бидејќи на својот син му се обраќа со „лав“, сите детали за декорациите беа со ликот на ова животно.
Таа веројатно сака да истакне дека за нејзиниот син е крал, затоа што лавот е крал на животните, крал на џунглата, или едноставно едно од најубавите (и најопасните) животни во светот, и отсекогаш бил симбол на сила, гордост и храброст.