Синот на Џони Деп има 20 години и е копија на татко му: Сите се прашуваат зошто упорно се молчи за него (ФОТО)
Џек Деп (20) е второ дете на Ванеса Паради и Џони Деп, и нивниот единствен син. Но, јавноста за него скоро ништо не знае.
Неодамна папараците го „уловија“ синот на Џони Деп, Џек и светот остана шокиран од фактот колку личи на својот татко. Меѓутоа, за Џек јавноста скоро ништо не знае.
Додека неговата сестра, а ќерка на Џони Деп, Лили Роуз е популарна во светот на шоу бизнисот, нејзиниот брат живее како апсолутен анонимус.
Иако има 20 години, скоро и да не знаеме со што се занимава и каде живее. МНогумина шпекулираат дека е во Франција со својата мајка, со која повеќе пати е уловен на прошетка.
Самиот Џони за него кажа:
„Мојот син Џек отсекогаш бил многу талентиран уметник. Одлично црта. Одлично се занимава со музика. Има добар слух за тоа. Освен училишните претстави и останатото, не покажа желба да стане актер“.
Вистина е дека Џек го презира Холивуд и се што тој носи со себе. Не може да ја поднесе популарноста и скандалите кои се поврзуваат за ликот и делото на неговиот татко, па често се крие од јавноста, а кога ги воочува папараците, обично се крие за да не може да го фотографираат.
фото: Принтскрин / Профимедиа