Синот на Ивица Дачиќ ја воодушеви девојката за 22-от роденден: Милица го покажа слаткиот подарок и уште послатката порака (ФОТО)
Роденденот го прославија во едне луксузен ресторан во српската престолнина...
Пејачката Милица Јокиќ веќе некое време ужива во љубовта со синот на Ивица Дачиќ, Лука Дачиќ, а тој за роденден и приреди „слатко“ изненадување.
Дачиќ својата избраничка ја однесе во еден познат луксузен ресторан, а деталите од прославата ги сподели со следбениците на Инстаграм.
Во еден момент келнерот на славеничката ѝ носи колач, кој бил убаво украсен, а пораката од чоколади измами насмевка на лицето на Милица.
„Среќен роденден љубов, 22“ - напиша Лука и покрај тоа стави емотикон срце.
Јокиќ се гледа дека е видно воодушевена од гестот на партнерот, а за тоа ја издаде нејзината насмевка.
фото: Принтскрин / Инстаграм