Синот на Лепа Брена се повлече од јавноста: Никој не знае што прави, а една фотка ги изненади сите
Ќе ги растопи и најтврдите срца, а многумина нема да го препознаат некогашниот пејач...
Лепа Брена веќе три децении е во хармоничен брак со Слободан Боба Живојиновиќ, а како круна на нивната љубов дојдоа синовите Стефан и Виктор. Кога станува збор за помладиот, Виктор, тој не се експонира во јавноста, а единствено за што се зборува е неговиот приватен живот. Постариот, Стефан тргна по стапките на мајка му, сними неколку песни, а потоа одлучи да се повлече.
Веќе некое време Стефан никој не го гледа во јавноста, ниту пак е активен на социјалните мрежи. Но, она што е познато е дека семејството на пејачката е многу поврзано, а особено откако се тука и децата.
Па така, на една фан страница на пејачката се појави фотографија која ги растопи и најтврдите срца. На неа заедно позираат Брена и Боба, додека во прегратките на пејачката е синот Стефан, кој тогаш бил со руса како, исто како и неговата мајка.
Оваа фотографија на многумина им падна во око бидејќи е навистина симпатична, особено на обожавателите на ликот и делото на познатата пејачка.