Синот на Мадона во црвен фустан со длабок отвор на боксерски меч: Модно усогласени со мајка му (ФОТО)

Синот на Мадона во црвен фустан со длабок отвор на боксерски меч: Модно усогласени со мајка му (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Каква мајка, каков син

Дејвид Банда го покажа својот уникатен моден стил појавувајќи се со својата мајка Мадона на боксерски меч.

16-годишниот Дејвид за оваа пригода облече црвен фустан од колекцијата на модна соработка помеѓу брендовите Адидас и Гучи.

Носеше црвен фустан, тесен крој со деколте и длабок отвор од страна, и гордо чекореше покрај својата мајка, која пак го усогласи стилот со неговиот. Таа носеше Адидас тренерки.

 На почетокот на годинава Мадона му го честиташе роденденот на својот син со трогателна порака:

„Дејвид Банда! Не можам да верувам дека порасна во таков човек! Уметник. Спортист. Харизматичен човек. Кога те видов во сиропиталиштето „Домот на надежта“ во Малави, не можев ни да замислам дека би станал таква сила на природата! Среќен шеснаесетти роденден!“ 

Мадона има вкупно шест деца: деветгодишните посвоени близначки Стела и Естер, како и 16-годишните Мерси и Дејвид; ќерката Лурд (25), која ја има со поранешниот Карлос Леон и синот Роко (21) од бракот со поранешниот сопруг Гај Ричи.


извор:стил.курир

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: