Синот на Слободанка Илевска е копија на мама, денес полни 11 години (ФОТО)
Во домот на новинарката Слободанка Илиевска, денес има повод за славење. Нејзиниот син единец слави роденден.
Марко денес полни 11 години, а новинарката упати роденденска честитка на Фејсбук приложувајќи и неколку фотоки:
Многумина се прашуваат на кој личи повеќе Марко, а без двоумење ќе кажеме дека е копија на мама.
Слободанка вели дека Марко е скромно дете и не придава голема важност дека мајка му ја има на телевизија. Сепак знае да ѝ упати некоја критика на мама.
– Марко знае да критикува и да разговара со својата мајка па и на негови 9 години да забележи дека мама има некој килограм плус. Не е од тие деца дека нешто не знам колку му значи тоа што сум на телевизија иле е веќе навикнат. Тој знае да каже „Те видов денес мамо убаво зборуваше“. Скромен е во тој поглед како мама, затоа и јас не сум имала чувство дека ако сум пред камера и сум позната, а и не сум размислувала во тој правец, сè е кај мене спонтано. Затоа радиото е мојата љубов, а телевизијата ми беше некако наметната. Сепак со љубов сум посветена на мојата професија“, откри водителката во едно интервју.