Синот на Сораја доби џакузи за бебиња: Старлетата издвои огромна сума на пари за овој детаљ (ФОТО)
Освен што го облекува во брендирана облека, таа се труди да му удоволи во секој поглед...
Сораја Вучелиќ живее живот на висока нога, а освен што за себе си купува брендирани парчиња и ужива во луксуз, таа се труди да му го обезбеди само најдоброто и на својот наследник Кан.
Така, за синот купи џакузи за бебиња, чија цена варира од 318 до 689 евра, а цената на истата зависи од возраста на детето. Додека нејзиниот наследник ужива во џакузите, околу него има безброј играчки и топки, а од страна на табла е испишано и неговото име.
Не е непознат фактот дека Сораја го облекува синот во најфина брендирана облека, и дека за едни шпикозни има дадено дури 650 евра.
фото: Принтскрин / Инстаграм