Синот на Вики Миљковиќ служел за време на литургијата во црквата Свети Сава: Дали неговата иднина е црквата?
Како што истакна пејачката, нејзиниот син од мали нозе помага во црква...
Пејачката Виолета Вики Миљковиќ и музичарот Драган Ташковиќ Ташке го имаат 14-годишниот син Андреј, кој е успешен на повеќе полиња. Тој се покажа како многу успешен во тенисот, а во последно време наводно сѐ повеќе го интересира религијата.
„Андреј успешно се знаимава со белиот спорт и тоа сите го знаат, но во последните години, иако е тинејџер, сѐ повеќе е заинтересиран за црквата и православната вера, што во денешно време не е типично за неговата генерација“ - истакна извор близок до семејството за „Ало“.
Како што објаснува, затоа никој не би се зачудил доколку Андреј се запише на богословија, а истакнува и дека не се сомнева дека познатата двојка од срце би го поддржала за тоа што ќе се одлучи да се занимава.
„Виолета нема потреба да се меша во изборите на Андреј и без оглед на тоа што е уште е многу млад, ги поддржува сите негови одлуки и желби. Така беше кога одлучи да се занимава со тенис, така е и сега кога го интересира верата. Вики и Ташке беа воодушевени и горди на него кога го видоа во униформа со свеќите во раце, како со студентите по теологија и оние кои се подготвуваат за тие студии посветено помагаат за време на божиќната литургија. Не би ме зачудило доколку Андреј се одлучи за средното богословско училиште по што би се запишал и на факултетот за богословија. За Вики и Ташке тоа не би било ништо ново, а сигурна сум дека без размислување би го поддржале во таа одлука“ - објасни неименуваат извор.
Вики не сака премногу да открива за животот на своето семејство, бидејќи својот приватен живот обично го чува далеку од медиумите, но потврди дека нејзиниот син навистина им помагал на свештениците, кога за време на божиќната литургија бил виден во храмот Свети Сава.
„Тоа за нас не е ништо ново, бидејќи Андреј помага во црква од својата трета година. Тоа е сѐ што можам да ви кажам“ - кажа пејачката.
Ова семејство инаку, пред неколку години доживеа вистинска драма кога Андреј имаше здравствен проблем кој пејачката тешко го имаше поднесено. Во прашање бил грч на мускулите на долните екстремитети, но неговите симптоми биле страшни.
„Андреј неколку дена имаше температура која никако не можевме да ја симнеме со сирупи, капење, облоги со ракија... Не помагаше ниту еден официјален и бапски лек. Одевме на доктор, ги направивме сите анализи на крв и тоа траеше неколку дена, а потоа температурата се симна, и тоа беше првата вечер кога Андреј спиеше нормално. Таман помислив дека помина сѐ, ме разбуди неговиот плач, ми посочи дека не може да застане на нозе. Тие моменти беа страшни, да не се повторат“ - раскажа пејачката во една прилика.