Синовите не дојдоа на погребот на Тозовац: Цела естрада и семејство го испрати пејачот, но не и наследниците
Предраг Живковиќ Тозовац беше погребан вчера на Новите гробишта, во Алејата на заслужни граѓани, во присуство на сопругата Емилија Мима Живковиќ, нејзината ќерка Сања и внуката Јована, како и бројните пријатели и колеги.
Сепак, неговите два вонбрачни сина, за кои јавноста малку знае, не присуствуваа на последното испраќање на пејачот.
Еден од пријателите на пејачот зборуваше по погребот со познанаците и посочи дека еден од синовите живее во Америка и дека е разбирливо тоа што не можел да дојде. Со него, според неговите зборови, Тозовац бил во контакт, додека со другиот не, па затоа никој и не знае каде живее тој моментално.