Сирачињата од Титаник: Со лажни имиња се качиле на легендарниот број и останале запишани во историјата како Луис и Лола - единствените деца кои ја преживеале оваа катастрофа

Сирачињата од Титаник: Со лажни имиња се качиле на легендарниот број и останале запишани во историјата како Луис и Лола - единствените деца кои ја преживеале оваа катастрофа

Објавена во: Совети // Семејство

Животната приказна на Мишел Навратил од самиот почеток била поинаква од илјадници други европски имигранти кои сонувале за подобар живот во Америка. Навратил бил среде бракоразводна парница, а неговата сопруга го добила старателството над двајцата нивни синови.

Родителите сепак се договориле дека тогаш 4-годишниот Мишел и 2-годишниот Едмонд да тргнат со татко им во Америка каде ќе пробаат да пронајдат сигурна егзистенција.

Мајката Марсел дозволила момчињата да заминат со нивниот татко, па тогаш таткото купил карти за брод и патувањето кон ветената земја започнало.

Доколку таткото по некоја случајност ги купил карти за еден ден подоцна, за нив никогаш не би се чуло и тие би го продолжиле среќно својот живот во Америка, бидејќи не би тргнале на кобното патување со Титаник.

Се регистрирале како патници од втора класса, а таткото на децата им дал лажни имиња за француската полиција да не ги задржува. Нивниот син Мишел, подоцна се присетувал на патувањето. Вели дека се сеќава дека бродот изгледал феноменално:

„Беше толку голем што не го видов целосно. Брат ми и јас си игравме на некоја од палубите и уживавме во патувањето“.

Среќата не траела долго. Кобната ноќ, бродот удрил во санта лед и почнал да тоне. Браќата Навратил се сеќаваат дека од кабината ги изнел нивниот татко и уште еден за нив непознат човек и веднаш ги однеле до чамците за спасување. Тоа било последниот пат кога го виделе татко им.

Татко им починал во ладното море, а тие биле единствените деца кои биле спасени од Титаник и кои останале без родител и старател.

Во метежот по хаваријата момчињата станеле медиумска сензација. Привремено ги сместиле во куќата на преживеаната Маргарет Хаус која живеела во елитниот Upper West Side на Менхетен.

Властите неизмерно се труделе да ги пронајдат блиските роднини на двајцата браќа, но бидејќи имале лажни имиња - Луис и Лола, тоа било невозможно.

Момчињата ги нарекле „сирачињата од Титаник“, а новинарскиот текст од 1912 година опишува дека момчиња на секое прашање на францускиот конзулат одговарале со „oui“, бидејќи повеќе биле заинтересирани за играње со новите играчки кои ги добиле.

Истиот новинарски текст опишал дека татко на Маргарет Хаус, на новинарското прашање дали децата може да се идентификуваат според картите кои таткото ги купил, Хаус одговорил ладнокрвно: „Никогаш не сум патувал со втора класа, па за тоа ништо не знам“.

Овој коментар илустрира дека парите и богатството може да влијаат на спасувањето живот. Имено, Титаник имал неколку класи за сместување.

Оние кои спиеле во првата класа биле насјреќни и таму преживеале најмногу патници - дури 324. Од втората класа се спасиле 201, а од третата од 708 патници, бродоломот го преживеале само 181 патник.

Новинарските текстови за децата, кои исто така содржеле фотографии, имале клучна улога во одредувањето на нивниот вистински идентитет. Во меѓувреме, нивната мајка како луда ги барала своите синови на другата страна од Атлантикот. Сфатила дека поранешниот сопруг загинал во бродоломот и очајнички пробувала да дознае што се случува со децата.

Новинарските приказни од Америка почнале да стигнуваат и во Европа, па мајката забележала еден од текстовите во кои имало фотографија од нејзините синови. Кога успеала да го докаже нивниот идентитет, отпатувала со првиот брод во Њујорк и таму конечно ги прегрнала своите деца.

Семејството се вратило во Франција. Мишел подоцна останал единствениот маж кој го преживеал овој бродолом, а неговиот брат Едмонд умрел во 1953 година.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: