Сите беа шокирани, па така и јас: По 15 години Џенифер Анистон прозбори за Бред и Џоли
Анистон за односот со Пит...
Џенифер Анистон(50) признала дека врескала од бес кога по разделбата со Бред Пит (56), видела слики од одморот со жената за која ја оставил, пишува „Мирор“.
Холивудската актерка го заврши бракот со Бред на 7 јануари 2005 година, кога тие дадоа заедничко соопштение за печатот во кое негираат дека причина за разводот е неговата врска со колешката од филмот „Господин и госпоѓа Смит“, Анџелина Џоли. Сепак, само неколку недели по крајот на бракот, Пит беше виден со Анџелина Џоли на разни егзотични дестинации.
Конечната потврда за нивната врска пристигна во април, кога Бред и Анџелина беа фотографирани заедно на плажа во луксузно одморалиште во Африка. Актерот дури и ја презеде улогата на татко на нејзиниот посвоен син Медокс. Подоцна, Џенифер плачеше и даде интервју за едно списание во кое зборуваше за неуспехот на бракот, но и за тоа како Бред и рекол дека не ја напушта поради друга жена.
Таа тогаш призна дека редовно одела пред нејзината куќа на плажата во Малибу за да вреска од бес. „Можев да одам само до вода и да врескам ... Не премногу гласно. Не сакате луѓето да мислат дека сте луди, но може да биде многу ослободувачко", објасни таа.
„Она што го кажавме (во заедничка изјава) беше вистина. Пишувавме заедно, многу свесно и се чувствувавме многу добро поради тоа. Излеговме од врската исто толку убаво како што влеговме во неа“ - рече Џенифер, а потоа додаде дека се шокирала кога ги видела фотографиите каде Бред и Анџелина се среќни заедно, во луксузно одморалиште во Африка во април истата година.
„Светот беше шокиран, а јас бев шокирана“ - рече таа и призна дека болката подоцна се претворила во тага.
„Постојат многу фази на тага. Тоа е тажно, на нешто му дојде крајот. Целосно ве крши, ве тера да се отворите кон вашите чувства. Кога ќе се обидете да избегнете болка, таа станува само поголема“ - продолжи Анистон.
Кристин Хан, извршниот директор на продуцентската куќа „План Б“ на Пит, подоцна зборуваше за истото списание за тоа колку Џенифер всушност знаела за врската на Бред и Анџелина. Имено, тој рече дека Џенифер се сомневала, но верувала на нејзиниот сопруг кога тој и рекол дека Анџелина не е причината што бара развод.
„Таа не беше наивна. Таа се сомневаше, но Бред и рече дека не станува збор за друга жена“ - рече Хан.
Двојката го потврди крајот на нивниот брак со следната изјава: „Ние сакаме да објавиме дека, по 7 години поминати заедно, решивме официјално да се разведеме. Поради оние што следат вакви работи, сакаме да објасниме дека причината за нашиот развод не е ниту една од приказните кои се појавија во медиумите. Оваа одлука дојде по долго размислување “.
А сега, по разводот на Бред и Анџелина, Џенифер ништо не коментира. Таа беше видена неколку пати со Бред Пит, но се чини дека не се враќа на оној кој ја повредил најмногу.