Сите благодети на грозјето: Оживува, дава сила и го чува срцето
Сеедно дали го сакате повеќе белото или црно грозје, уживајте во вкусот и на едното и на другото, бидејќи се богати со витамини и минерали
Овие денови пазарите се полни со грозје. Би можеле да наброиме многу причини зошто би требало да јадете слатко, вкусно и здраво грозје, па затоа, сега е вистинско време да ја искористите богатата понуда и што поскоро да го вклучите во исхраната.
Грозјето е добро за срцето, ја подобрува циркулацијата, влијае противвоспалително, го подига имунитетот, а поради својот единствен состав делува и како природен тоник за организмот. Благодарение на високиот процент на шеќер, грозјето е енергетски богата намирница. Токму поради високиот процент на шеќер, грозјето ни дава енергија, сила, го подобрува расположението и концентрацијата.
Фото: фреепик