Сите детали за врската на Цеца и Богдан: Од кога се заедно, каде ги поминуваат викендите и како ја претстави својата избраничка на мајка му?
Почетокот на оваа година, кога е во прашање медиумското внимание, дефитивно го обележи веста дека музичката ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ има момче.
Веста дека најголемата балканска sвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ има момче, успешниот белградски угостител Богдан Срејовиќ, одекна како бомба во јавноста на 13 јануари годинава. Неколку дена подоцна, медиумите објавија бројни познати и непознати детали од животот на 38 - годишното момче, па целиот Балкан со молскавична брзина дозна сè за момчето на Цеца. Вљубените гулаби, кои многумина ги прогласија за двојка на година, иако штотуку започна годината, беа постајано следени од папараците. Врз основа на фотографиите од папараците, беше јасно дека тие не се разделуваат. Заедничкото одење во ресторан, поминувањето време со пријателите се само дел од она што можеше да се види на фотографиите на папараците кои успеаја да ги фотографираат. Иако Цеца е во врска со Богдан од крајот на ноември, таа мудро молчеше во јавноста и не сакаше да каже ниту збор за нејзината приватност. Така беше и во изминатите десет години, само неколку од нејзините љубови беа познати на јавноста во Србија и Балканот. Кога беше среќна во љубовта, нејзината публика можеше да го почувствува тоа преку добро препознатливата насмевка или двосмислените одговори кои им ги даваше на припадниците на седмата сила.
„Не се заветив дека ќе молчам за мојот емотивен живот, но за сите овие години видов како оди тоа. Прво давате делче од вашиот живот што подоцна станува дел. Наскоро станува најголемиот дел и на крајот вашиот живот станува живот на сите. Буквално на сите, а само не ваш. Вие немате никакво влијание врз тоа што ќе биде напишано за вас или вашиот партнер, што ќе биде ископано од вашето или неговото минато, а друга приказна е тоа колку невистини ќе има истата и, конечно, како ќе изгледа сето тоа кога ќе стигне до читателите. Секогаш се додава малку сензационализам, се додаваат барем некои детали затоа што има новинари за кои вистината е премногу обична. Тоа е како кога носите ново „Ферари“ на редовен сервис, а мајсторите одлучуваат да му додадат по нешто или да ги отстранат делови за кои сметаат дека не се потребни. Затоа, доколку не ги откривате деталите, во текстовите ќе има 20 проценти од вистината, а ако дадете барем некои информации, тогаш ќе достигнат до 80 проценти“ - рече Цеца за списанието „Hello“ на прашањето дали е во љубов, па дури и овде не сакаше да открие дека во нејзиниот љубовен живот се раѓа нешто ново.
Сепак, нејзиното семејство секогаш ја знаеше вистината, па не е изненадувачки тоа што таа го запозна Богдан со Анастасија и Вељко, како и со другите членови на семејството на 31 декември на новогодишната ноќ. Богдан веднаш ги освои симпатиите на семејството, а исто така било и со неговата страна кога станува збор за неговата ќерка Искра, која со ентузијазам ја прифати Цеца. По тој повод, Вељко проговори и рече:
„Навистина сум среќна што најде некого. Јас го прифатив тој човек затоа што секогаш го почитувам нејзиниот избор. Најважно ми е да ја почитува и сака мајка ми“ - рече Вељко, а потоа додаде:
„Јас би ја поддржал мајка ми ако се реши да се омажи. Имам семејство, Анастасија има момче, и таа ќе се омажи. Кога сите ќе одиме некаде, мама сигурно не треба да седи сама во куќата како куче. Таа треба да го живее својот живот и да ужива во него. Луѓето треба да разберат дека мајка ми не се разведе, татко ми беше убиен. Ниту еден човек никогаш не прошета низ нашата куќа. Мајка ми ја сочуваше сликата на татко ми, како и презимето и интегритетот на нашето семејството. Имаме пофални зборови за сè што направи за Анастасија и мене.“
Сепак, се чини дека е рано за приказни за брак, бидејќи фолк sвездата постојано повторуваше дека повеќе не сака да се мажи. Сепак, околностите можат да ги променат одлуките.
Се чини дека Цеца ги опишала сите моменти на среќа во љубовта и оние кога страдала како секоја жена преку своите песни и така ги пренесува на својата публика. Често велеше дека тоа е нејзин начин да комуницира со оние што ја сакаат и дека со стиховите зборува повеќе од со зборови. Она што го кажуваат луѓето кои се блиски со Цеца, дава впечаток дека скоро никогаш не ја виделе толку среќна и задоволна, а главниот виновник, покрај нејзините деца и внукот Жеjко, е очигледно Богдан. Секако, Срејовиќ мораше да има голема храброст кога успеа да го освои срцето на Цеца, а таа целосно се предаде на љубовта со нејзиниот избраник, а со фотографиите што ги објави на социјалните мрежи сакаше да им каже на сите дека е среќна и задоволна. Патуваа заедно на повеќе дестинации, најпрво во Јахорина кога јавноста не знаеше кој ја грее Цеца, потоа во Копаоник, каде што престојуваа во станот во сопственост на Ражнатовиќ, па дури и со себе ја зедоа ќерката на Богдан, Искра. Викендите ги поминаа на имот во близина на Зрењанин со пријателите, а на социјалните мрежи се пофалија дека уживаат во откривањето на убавините на Србија, додека за некои повеќе егзотични патувања чекаат олабавување на епидемиолошките мерки. Како што сè беше проследено, така беше проследен и моментот кога Цеца се сретна со таткото на Богдан и поранешниот спортист Милош Срејовиќ на нивната слава Свети Јован. По тој повод, балканската sвезда го посети родниот град на Богдан, Крагуевац, каде беше срдечно пречекана, а набргу потоа, гордиот татко за медиумите изјави дека сите се воодушевени од Цеца.
Од друга страна, бидејќи родителите на Богдан се разведени, Ражнатовиќ ја запозна неговата мајка на сосема необичен начин. Бидејќи неговата мајка Мира живее во Лондон, при повик преку Вибер, додека Срејовиќ разговарал со неа, тој ја свртел камерата и ја покажал Цеца во моментот кога биле заедно заедно на ручек, и на овој начин ја претстави својата избраничка.