Сите добро го знаеме: Кое е најгледаното видео во целата историја на Јутјуб?

Сите добро го знаеме: Кое е најгледаното видео во целата историја на Јутјуб?

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Сигурни сме дека и вас ќе ве изненади видеото кое се најде на првото место на оваа листа...

Јутјуб и понатаму е една од главните социјални мрежи на кои секојдневно се објавуваат разни видеа, влогови и песни. Токму поради неговата популарност, некои видеа кои се објавени на Јутјуб влегоа во историјата поради бројот на прегледи, а и ние се изненадивме кога видовме која песна е прва на таа листа.

Сигурни сме дека барем еднаш сте се прашале кои видеа на Јутјуб имаат најмногу прегледи. За некои од нив очекувавме деак ќе се најдат на оваа листа, додека за други сме потполно изненадени, бдиејќи се нешто потполно поинакво од очекуваното, особено она видео кое се најде на првото место. Сите барем еднаш сме слушнале за него, но не сме знаеле дека е видео со најмногу прегледи на Јутјуб.

# Baby Shark Dance - 9.95 билиони прегледи

Доколку не сте слушнале за Baby Shark, тогаш живеете под камен. Оваа детска песна еден период го имаше полудено Интернетот, а мораме да признаеме дека навистина лесно се памети и е впечатлива.


# Luis Fonsi - Despacito ft. Daddy Yankee - 7.69 билиони прегледи

„Despacito“ е песна која излезе во летото 2017 година и тогаш беше вистински хит кој се вртеше дури неколку месеци без престан. На некои оваа песна дури им е згадена поради тоа што често ја слушале. Буквално излегуваше од фрижидер.


# Johny Johny Yes Papa - 6.08 билиони прегледи

На листата освен Baby Shark се најде уште една детска песна која не е толку популарна како првата, но сеедно е позната според количината на прегледи, но помеѓу децата, секако.


# Ed Sheeran - Shape of You - 5.58 билиони прегледи

Во 2017 година очигледно беше полна со добри хитови, бидејќи тогаш Ед Ширан ја објави својата песна „Shape of You“, која ги освои сите музички топ листи, а многумина ја слушаат и денес без оглед на тоа што од нејзиното излегување поминаа скоро 5 години.


# Wiz Khalifa - See Yoy Again ft. Charlie Puth - 5.38 билиони прегледи

„See You Again“ е една од оние песни кои никој не оставаат рамнодушен и ден денес, по скоро 7 години откако е објавена. Причината за тоа е што таа песна е посветена на актерот Пол Вокер кој почина и со самото тоа доби уште подлабоко значење, кога внимателно се слуша текстот на самата песна. Во секој случај, заслужено се наоѓа на оваа листа.


Објавена во: Stars // YouTube видеа

Можеби ќе ве интересира: