СИТЕ ГИ ОДБЕГНУВААТ: Овие 7 ѕвезди се соседи од пеколот!
Познатите и славни често знаат да бидат потполно поинакви личности пред и позади камерите!
Како што пишува порталот Ranker, некои познати линости се имаат и тоа како замерено со своите соседи.
# Justin Bieber - доколку им се верува на приказните, Justin навистина е сосед од пеколот во секоја смисла на зборот. Имено, често организира забави со многу дрога и алкохол, а кога забавата ескалира, пеачот знаел да мава и со јајца во соседните куќи.
# Madonna - соседите на оваа пејачка се жалеле повеќе пати, поради пробите кои ги одржувала во својот дом. Музиката била толку гласна и неподнослива што полицијата морала да интервенира, а пејачката заработила и судска тужба.
# Katy Perry - во периодот кога пејачката била во врска со John Mayer, соседите често се жалеле на бука во доцните часови. Katy наводно била толку бучна во кревет, што тоа траело цела ноќ и соседите морале да викаат полиција.
# Chris Brown - раперот познат по бруталното тепање на поранешната девојка, пејачката Rihanna, навистина е сосед од пеколот. Имено, со своите пријатели често знае да одржува трки со автомобили во својата улица, со што го доведува во опасност не само својот живот, туку и животот на соседството.
# James Franco - на овој актер соседите се жалеле, бидејќи во моментот кога се вселил во новото соседство, започнал со снимање на повеќе мали проекти, така што во куќата и околу неа преку целиот ден имало многубројна снимателска екипа што сериозно им го загрозила мирот и редот во соседството.
# Robert Downey Jr - во периодот кога овој познат актер бил зависник од кокаин и хероин, една вечер дрогиран и пијан влегол куќата на брачниот пар, кои биле негови први соседи, а потоа заспал во нивната спална соба.
# Hilary Duff - во оваа приказна некогашната ѕвезда на Дизни, сепак не е негативка. Имено таа со својот прв сосед се замерила со тоа што јавно објавила порака со името и презиме на личноста која живее до неа, дека цел ден пуши цигари и „трева“, не работи ништо и ги троши парите на своите родители.