Сите го фалат Инстаграм поради оваа новина: Отсега ќе можеш да забраниш да ти излегува еден тип на објави (ФОТО)
Обично Инстаграм нè разочарува кога ќе најави дека доаѓа некоја нова промена...
Овој пат тоа не е случај! Иако најавија некои промени кои ќе дојдат во иднина, а кои на поголемиот број корисници не им се допаднаа, ова е една околу која многу се сложија дкеа е добра и дека еден чекор напред.
На сите ни е јасно дека Инстаграм има големо влијание на нас, иако тоа никој не сака да си го признае. Иако знаеме дека тој не го прикажува реалниот живот, ниту реалниот изглед на другите, и понатаму паѓаме во истите замки и се споредуваме со инфлуенсерите. Особено тоа е случај кога ќе го спореди својот изглед со нивниот. Многу девојки поради тоа имаат проблеми со самодовербата, а една од најчестите причина се тоа што не се доволно слаби или немаат доволно заоблено тело.
Никако не помага ниту кога ти излегуваат реклами кои промовираат разни диети од кои наводно за 14 дена ќе изгледаш како некоја згодна инфлуенсерка. Епа, повеќе го нема тоа, секако ако не го сакаш. Инстаграм воведе можст да можеш да забраниш да ти се појавуваат реклами кои промовираат слабеење и диети.
Со оглед на тоа што постојано се зборува за тоа дека има негативно влијание на самодовербата на своите помлади корисници и дека промовира нездрав изглед, ова е нивниот начин да го намалат своето лошо влијание. На Инстаграм постои можност да ти се појавуваат промотивни реклами и објави на некои тематики како алкохол или домашни миленици, а сега можеш да ги забраниш и да ти се појавуваат само објави кои промовираат слабеење и диети. Можеш да ги исклучиш во „Поставки“ кога ќе влезеш во категоријата „Огласи“. Тука, во категоријата „Тема на огласи“ можеш да избереш кои теми повеќе не сакаш да ги гледаш. И тие би требало повеќе да ти се појавуваат.
фото: unsplash.com