Сите го паметат по улогата на најголемиот негативец, а вака изгледал како дете: Можете ли да погодите кој е актерот на фотографијата?
За глумата во
овој филм ја доби најпрестижната награда Оскар за најдобар машки актер.
Актерот од Велс, Ентони Хопкинс се прослави во улогата на Ханибал Лектор во филмот „Кога јагнињата ќе стивнат“, а оттогаш ниту еден актер не го симнал од тронот на најдобро глумениот негативец на сите времиња.
За глумата во овој филм ја доби најпрестижната награда Оскар за најдобар машки актер. Неговата партнерка од филмот, Џоди Фостер, исто така беше наградена со Оскар за најдобра женска улога, а филмот продолжи да собира бројни награди.
Американскиот филмски институт го прогласи Лектор за најголем филмски негативец на сите времиња. Улогата на Лектор ја репризира во 2001 година во филмот „Ханибал“, а една година подоцна и во проектот „Црвен змај“.
Хопкинс беше во брак три пати, прво во 1968 година со Пенелопе Баркер. Сепак, нивниот брак почна да се распаѓа по само неколку месеци, бидејќи Ентони ја стави својата кариера пред сопругата и почна да пие. Иако ја имаа ќерката Абигејл, парот се разведе, а неодамна во јавноста излезе дека Антони не разговарал со својата ќерка цели 20 години.
По втор пат се ожени со познатата актерка Џенифер Лејтон, со која се ожени во 1973 година. Двајцата останаа во брак до 2002 година. По разводот, Хопкинс бил во депресија, а утеха нашол во неговата следна сопруга.
Веќе следната година се жени со Стела Ајројва, за која вели дека е најдоброто нешто што му се случило во животот. Таа го извлече од депресија и парот се‘ уште е во среќен брак.
Хопкинс своевремено на Инстаграм објави слика од своето детство, која воодушеви многу фанови. Кој би помислил дека ова младо момче ќе стане најголемиот „негативец“ во историјата на филмографијата:
Фото: Инстаграм