Сите љубови на Анастасија Ражнатовиќ: Пред Ѓорѓе имаше две сериозни врски, сега и двете момчиња се оженети
Уште како девојче, пејачката беше заљубена до уши, а врската ја експонираше јавно...
Анастасија Ражнатовиќ последните пет години уживаше во љубовта со бизнисменот Ѓорѓе Куљиќ, меѓутоа, тие ставија крај на врската. Иако има само 23 години, младата Анастасија веќе имаше три сериозни врски.
Имено, првата врска на Анастасија беше со синот на Ѕвездан Терзиќ, Костадин Терзиќ, кога имаше 18 години. Тогаш се пишуваше дека двојката ја прекинала врската на пристоен и цивилизиран начин.
„Костадин и Анастасија се разделија пред еден месец, но не поради трета личност. Просто, млади се, тоа се очекуваше. Таа има само 18 години, сигурно нема да се омажи и врзува. Тие се млади луѓе, животот е пред нив, врски, љубови и страсти“ - кажа Цеца во една прилика за медиумите.
Инаку, Костадин сега е среќно оженет и има две деца.
Како што пишуваа медиумите, Анастасија набрзо по Костадин започна романса со српскиот кошаркар Милош Теодосиќ, а наводно заедно поминале три месеци.
Крајот се случи поради тоа што тој тогаш беше во Рисија, а пејачката во Србија. Анастасија и Милош по разделбата наводно останале во добри односи, а подоцна кошаркарот се ожени со актерката Јелисавета Орашанин.
Да потсетиме, Анастасија потоа ја започна врската со Ѓорѓе и заедно поминаа пет години. Долго живееја заедно, прво во неговата вила во Нови Сад, за потоа, поточно минатата пролет, да договорат стан во срцето на Белград, за кој платија 750.000 евра.
Анастасија сега се исели од тој стан, и како што наведува Блиц, се вратила назад во семејниот дом на Дедиње.