Сите љубови на Џастин Бибер

Сите љубови на Џастин Бибер

Објавена во: Stars // Музика

Џастин Бибер буквално растеше пред очите на јавноста, оваа тинејџерска атракција последниве неколку години успеја да ги украде симпатиите на многу девојки. Медиумите го следат секој негов чекор, од посвојување миленичиња до ставање нови тетоважи, но сепак најинтересен им е неговиот љубовен живот. 

Бибер летово реши до крајот на својот живот да биде со моделот Хејли Болдвин. Тие по пауза од две години повторно ја обновија врската откако Џастин раскина со Селена Гомез. Инаку Хејли е ќерка на познатиот актер Стивен Болдвин и внука на Алек Болдвин. 

Ова одекна како тажна вест за големиот број обожавателки на пејачот, ние направивме листа на девојки кои успејаа барем за краток период да бидат дел од неговиот живот. 

Селена Гомез беше неговата најголема тинејџерска љубов. Тие беа во врска  од 2010 до 2013 година. Годинава повторно беа заедно пред тој да ја обнови врската со Хејли. 

Пејачот на 17 години беше во врска со ќерката на Лајонел Ричи, Софија, а откако почна да добива голем број закани на социјалните мрежи, реши да ја исклучи опцијата за коментари. 

Иако медиумите шпекулираа, сепак Џастин и Кендал Џенер никогаш официјално не потврдија дали биле заедно или не. Тие беа забележани во заедничко друштво на повеќе настани, а гласините започнаа откако беа видени на познатиот фестивал Коачела. 

Блискоста на Аријана Гранде со Бибер беше причина таа да има голем број проблеми со Биг Шон, кој неколку пати ја прекинуваше врската со неа. Тие исто така никогаш не потврдија дека биле повеќе од само добри пријатели и колеги. 

Пејачот одреден период постојано објавуваше фотографии од Јована Вентура и потоа одеднаш прекина. Иако тој не ја криеше врската, сепак јавноста никогаш не дозна повеќе детали, ниту пак зошто прекинаа да се гледаат. 

По разводот со Орландо Блум, поранешниот ангел на Викторија Сикрет, Миранда Кер наводно имала кратка авантура со Бибер. Тие се зближија на модно шоу на познатиот бренд за долна облека, а пејачот имаше и објавено фотографија со неа, која кратко потоа ја избриша. 

Барбара Палвин е уште еден модел од Викторија Сикрет која имаше кратка романса со него. Тие беа видени заедно на неколку настани, но и си разменуваат Твитер објави, кои исто така докажуваа дека се заедно. 

И за крај, најшокантните гласини беа дека Џастин и Мајли Сајрус биле заедно. Сајрус ги демантираше овие тврдења, но остана нејасно дали тие имале некоја кратка авантура.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: