Сите мислат дека овие девојки се мразат: Хејли Бибер на суптилен начин ја поддржа Селена Гомез
Изгледа дека сепак немаат ништо една против друга...
Селена Гомез веќе во неколку наврати покажа дека нема ништо против Хејли, а сега и Хејли покажа дека нема ништо против Селена и го поддржа нејзиниот последен голем успех на суптилен, но сепак видлив начин.
Дали постои омраза помеѓу Селена и Хејли поради Џастин? Очигледно не! Иако сите се убедени дека Хејли има нешто против Селена, таа сега покажа дека нема причина за таквите гласини бидејќи тие едноставно не се вистинити. Таа го поддржа успехот на Селена на суптилен начин, но на сите им падна в очи. Минатата недела, списанието „Elle“ откри дека Селена Гомез е на насловната страница на нивниот нов број - и изгледа апсолутно прекрасно.
И Хејли се согласува со тоа, бидејќи како што сфатиле луѓето, оваа објава ѝ се допаднала и ставила крај на гласините што повторно почнале да кружат. Имено, веќе некое време фановите посочуваат дека на Хејли не ѝ е драга Селена, затоа што Џастин има истетовирано нејзин портрет на раката. Сигурно и вие не би биле среќни доколку вашето момче има тетоважа од поранешна девојка, но Хејли покажа дека тоа не ја мачи толку колку што сите мислеа. Нема причина да има нешто против Селена поради тоа.
Иако тоа е само лајк и не изгледа како нешто важно, сепак испраќа одредена порака.