Сите се сеќаваат на девојчето на кое докторите му ја сошија ногата наопаку: Се бореше со рак, а сега е балерина

Сите се сеќаваат на девојчето на кое докторите му ја сошија ногата наопаку: Се бореше со рак, а сега е балерина

Објавена во: Живот // Живот

Поради тумор, на девојчето му е ампутирана ногата, но сега му е повторно сошиена, само што е свртена за 180 степени...

Откако на 7-годишната Амелија Елдред ѝ беше дијагностициран малигнен тумор кој бара ампутација на ногата, ова весело девојче го избра танцувањето за своја активност.

Но, ампутацијата над коленото би го жртвувало коленото, кое игра важна улога во управувањето со протезата. Така, во јануари 2018 година, кога лекарите го отстраниле делот од бедрената коска на Амелија погоден од клетките на туморот, ја спасиле нејзината потколеница, но повторно ја зашиле на ногата ротирана за 180 степени.

За жал, ги сошиле само потколеницата и стапалото кое било свртено наназад. Иако левите прсти на Амелија се насочени наназад, нејзиниот глужд на овој начин ќе го замени коленото кое исто така морало да биде ампутирано.

Кога Амелија ќе биде целосно излечена, тоа ќе ѝ овозможи ефикасно да ја користи протезата и на тој начин ќе ѝ овозможи да продолжи да се занимава со нејзините омилени активности.

„Операцијата, позната како „ротатопластика“, може да се користи за лекување на тумори на коските во детството кога ќе се појават во близина на коленото“ - вели Дана-Фарбер Бостон од Центарот за детски рак и крвни нарушувања.

Ова не е прв пат да прават ваква операција. Истражувањата покажале дека успехот кај овој метод на лекување е помеѓу 84 и 88 проценти, а стапката на преживување на децата и тинејџерите со оваа дијагноза е 70-75% според податоците со кои располага „St. Jude's Children's Hospital“.

Пред операцијата, Амелија била подложена на петнеделна хемотерапија, која не успеа да ѝ го намали туморот. Дванаесет дена подоцна, таа го започнала последниот циклус на хемотерапија, а пред неа се уште четири недели третман.


Сега девојчето е здраво, доби протеза која е функционална и игра балет. Многумина сметаат дека е неверојатно.

Таа е на пат да добие протетска нога и рехабилитација, па така би требало да биде сосема подготвена за да игра до лето, пишува мајката на Амелија, Мишел Јардли-Елдред, додавајќи: „Нејзиниот дух е неверојатен. Навистина неверојатен“.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: