Сите се во неверување: Човекот кој го спаси Џастин Бибер се посрамоти за цел живот
Пасторот Карл Ленц го спаси Џастин Бибер и го натера да се насочи кон нормалниот живот и семејството, а своевремено дури и го спои со Селена Гомез. Меѓутоа, иако тој исраќаше добри пораки до обожавателите на Бибер, се испостави дека тој не верува во нив, па овие денови дури беше исфрлен од црквата Хилсонг која редовно ја посетуваат Џастин, Хајли, но и Селена.
Првите денови, владееше потполна мистерија, па секако веднаш започнаа патетичните гласини дека Ленц е исфрлен бидејќи наводно е единствен од таа црква кој јавно го поддржува контроверзното движење Black Lives Matter. Меѓутоа, многу брзо потоа се испостави дека тој бил во тајна врска, односно дека ја изневерувал својата сопруга.
Како што пишува The Sun, на нив им се обратила извесна модна дизајнерка Ранин, која вели дека пет месеци била во врска со Ленц, а притоа дека немало поима дека тој бил оженет веќе 17 години. Всушност, тој целото време ја лажел, па ѝ зборувал дека е слободен, како и дека професијата му е застапување на спортистите.
Таа истакнува дека тие двајца имале сериозна врска. „Создадовме една длабока, посебна врска. Јас сум многу повредена бидејќи имавме чувства еден кон друг.“ - истакнува таа. „Јас го сакам него, а и тој мене. Тоа беше врска која не се планира. Не беше само нешто за една вечер.“ Колку била наивна, најдобро сведочи тоа што никогаш не дознала ниту како се презива. „Ми кажа дека се вика Карл и тоа беше тоа. Потоа ми призна дека е оженет 17 години.“ Меѓутоа, тие продолжиле да се гледаат и потоа, но Ленц за целото време криел од својата жена.
По сето тоа, тој е исфрлен од црквата, а потоа на Инстаграм призна што направил. „Бев неверен во бракот, тоа е најважната врска во мојот живот и за тоа морам да сносам одговорност“ - вели тој. Црквата Хилсонг инаку ги привлекува ѕвездите, бидејќи ги убедува дека е сосема во ред да не живеат скромно и дека телата може да им бидат прекриени со тетоважи, иако Библијата не го дозволува тоа.