Сите се згрозени: Се појавија скандалозни фотографии од роденденот на Кендал Џенер
Кендал Џенер одлучи да го прослави својот 25 - ти роденден минатата сабота. Сепак, наместо да го организира во кругот на најблиското семејство, таа се одлучи на нешто што е не само ризично, туку е и забрането, па повика многу луѓе. Притоа, таа барала од гостите да молчат за тоа, но изгледа дека никој не ја послушал.
Всушност, роденденот и беше вчера, но изминатиот викенд таа одлучи дека е одлична можност за да го прослави. Таа изнајмила изнајмила простор на врвот на еден хотел во Западен Холивуд, а интересно е тоа што сите гости, како и келнери морале да имаат негативен тест на коронавирус, пишува DailyMail. Сепак, тоа не ги спречи луѓето да ја напаѓаат на Интернет. Освен што брзите тестови не се сигурни, на сите им пречи тоа што таа дава лош пример.
Притоа, никој на забавата не почитувал ниту едно правило - не се носеле заштитни маски, а немало ни одржување на дистанца. Дека и на Кендал ѝ е малку срам поради тоа што го прави, говори и фактот што на забавата имало соопштение во кое на гостите им се сугерирало дека ниту по една цена не требало да споделуваат фотографии и видеа од забавата.
„Без социјални мрежи“ - пишува во текстот. „Фотографирајте колку што сакате, но ве молиме да не објавувате ништо на социјалните мрежи од било кој вид.“ Многумина денес се прашуваат дали е можно Кендал да е толку наивна што навистина помислила дека некој ќе биде спречен од тоа нејзино предупредување? Можеби тоа сугерира дека таа живее окружена со лажни пријатели кои не може да издржат, а да не се пофалат каде биле.