Сите трансформации на Сара Јо: Од русокоса со пеги и степенаста фризура до фатална црнокоса (ФОТО)
Јавноста за првпат ја запозна на музичкото натпреварување „Први глас Србије“...
Пејачката Сара Јовановиќ, попозната како Сара Јо за првпат на јавната сцена се појави на музичкото натпреварување „Први глас Србије“ и тоа пред една деценија, а тогаш имаш потполно поинаков имиџ од овој денес.
Имено, таа тогаш имаше брановидна коса до рамена, ишишана на степен и ѝ беше нешто посветла од денес, а она поради што на многумина им беше симпатична се пегите кои ги имаше.
Со текот на времето почна да ја пушта косата и ја офарба во потемна нијанса.
Дека сака да експериментира со изгледот, може да се уверите и на нејзиниот Инстаграм профил. На него може да најдете фотографии на кои има коса до половина грб и тоа кафена со прамени, а денес повторно се врати на првобитната должина. Веќе подолго време носи боб, има шишки и се фарба во потемни нијанси.
Ќе признаете, Сара за овие 10 години имаше навистина големи трансформации, а широката насмевка и совршено витката линија ги негува откако првпат застана пред камерите. Природна убавица е, а од естетски корекции навистина нема потреба, но Сара Јо, како и бројни нејзини колешки исто така не остана имуна на трендот на разубавување, па фотографиите ги уредува со филтри и Фотошоп.
фото: Принтскрин / Јутјуб / Инстаграм