Сите зборуваа за тоа дека Сергеј Пајиќ станал татко: Сега се огласи 19-годишниот пејач и ги шокираше сите
Пејачот откри што е вистина во овој случај и за што всушност станува збор...
Младиот пејач Сергеј Пајиќ е во центарот на вниманието на јавноста поради веста дека на 19 години станал татко! И тука ништо не би било изненадувачко, доколку неговата девојка, ТикТокерката Сандра Дедијер не се породи, без претходно да знае дека е бремена!
Оваа вест го збунила Сергеј, и не знаел за што станува збор кога првобитно бил контактиран да ги искоментира наводите, но сега се огласи и откри дека детето не е негово.
„Сандра и јас бевме во љубов, а и приватен однос од 09.05 до 18.11. Поради тоа, им се обраќам на сите медиуми дека детето не е мое и дека таа и јас повеќе не сме заедно“ - кажа Сергер за „Телеграф“.
Неговата, очигледно поранешна девојка, наводно не знаела дека е бремена, а се породила кон средината на ноември оваа година, во приватна болница, во која била на преглед поради други причини.
Наводно им раскажала на пријателите дека не знаела дека е бремена и дека мислела дека ја болат бубрезите, но во тој момент звушност се пораѓала.
Инаку, Сергеј на јавноста ѝ познат од музичкото натпреварување „Ѕвездичките на Пинк“, а потоа долго беше во врска со ТикТокерката Уки Ку.
фото: Принтскрин / Инстаграм